write - онтологија

впише повеќе

впишат
Вид збор: Глагол, свршен
Додаде, вметне нешто со пишување.
Примери:
Авторот на трудот впишал на неколку места дополнителни податоци и објаснувања.

запише повеќе

запишат
Вид збор: Глагол, свршен
Писмено забележи нешто.
Албански: shënoj
Примери:
Таа запиша нешто во својот бележник.
(се запише) Се занесе во пишување.
Албански: shënoj, fus
Примери:
Тој честопати знаел да се затвори во својата соба и да се запише.

изнапише повеќе

Види и: напише (св.)
изнапишат
Вид збор: Глагол, свршен
Напише многу.
Албански: shkruaj shumë
Примери:
На писмената работа изнапишав дури три страни.
Напише многу без некоја смисла, без некој ред, сѐ и сешто.
Албански: shkruaj tepër
Примери:
Изнапишал тој во писмото многу работи.

испее повеќе

Види и: пее (несв.)
испеат
Вид збор: Глагол, свршен
Напише стихотворба.
Албански: shkruaj vjershë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ако бил поет, ќе ги испеел најтажните стихови на својот народ.

испише повеќе

испишат
Вид збор: Глагол, свршен
Отпише некого, избрише (од евиденција, од список).
Албански: shlyej, fshi
Примери:
Го испишале од гимназија.
Со пишување исполни нешто (лист, тетратка).
Албански: shkruaj

напише повеќе

напишат
Вид збор: Глагол, свршен
Испише со букви или со бројки.
Албански: shkruaj
Употреба: Образование
Примери:
Си го напиша името.

ниже повеќе

нижат
Вид збор: Глагол, несвршен
Реди, раскажува едно по друго, пишува.
Албански: rradhit, rrëfen, shkruan
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ниже збор по збор.

опее повеќе

опејат
Вид збор: Глагол, свршен
Воспее, прослави со песна; изрази со песна.
Албански: këndoj, festoj me këngë
Примери:
Твоето име ќе го опејат в песна.

пее повеќе

пеат
Вид збор: Глагол, несвршен
пишува
Албански: shkruaj
Употреба: Архаизам
Примери:
Така пее книгата.

писува повеќе

Види и: пишува (несв.)
(се) писуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) пишува
Употреба: Дијалектен збор

пише повеќе

пишат
Вид збор: Глагол, свршен
Напише текст.
Албански: shkruaj
Примери:
Ќе му пишеш едно писмо да си дојде.
Запише, писмено забележи.
Албански: shënoj
Употреба: Разговорно
Примери:
Ќе дојде попот во селото и ќе му го пише името на детето.
(несв.) пишува
Албански: shkruaj
Употреба: Дијалектен збор , Народна поезија
Примери:
На стол седеа, книга пишеа.

пишува повеќе

пишуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Одбележува на хартија или друг материјал знаци - букви, цифри, ноти и сл.
Албански: shkruaj
Примери:
Ученичињата ги пишуваат првите букви.
Погоден е за одбележување букви и сл.
Албански: shkruaj
Примери:
Перцето не ти пишува, смени го.
Писмено излага мисли, ставови и сл.
Албански: shkruaj
Примери:
Пишуваме претставка, извештај, реферат, молба.
Се обрнува кон некого писмено; праќа писмо.
Албански: shkruaj
Примери:
Што ти пишува син ти?
Се искажува во периодичниот печат; соработува во весник, списание.
Албански: shkruaj
Примери:
Пишува во весник.
Создава творба - литературна, научна, публицистичка, музичка.
Албански: shkruaj
Примери:
Пишува раскази, драми, романи, стихови, поеми.
(се пишува) пасивно
Албански: shkruhet
Примери:
Во кои случаи се пишува голема буква според нашиот правопис?
(ми се пишува) Да се има желба за пишување
Албански: shkruan
Употреба: Безлично
Примери:
Ми се пишува на таа тема.

попише повеќе

попишат
Вид збор: Глагол, свршен
Пише малку, кратко време.
Албански: shkruaj pak
Употреба: Ретко
Примери:
Седни да попишеш малку, па ќе си играш во дворот.

распише повеќе

распишат
Вид збор: Глагол, свршен
Објави по писмен пат.
Албански: shpall
Примери:
Распише заем, конкурс, избори за одборници.
Избрише нешто напишано, отпише.
Албански: fshij
Употреба: Ретко
Примери:
Ако пишал Господ, да распише.
(се распише) Почне многу да пишува, се занесе во пишување.
Албански: shkruaj shumë
Примери:
Не знам што ѝ е, нешто многу се распишала.