пее
пеат; пеј, пејте; пеам, пееш; пеев, пееја; пеел; пеен; пеејќи; пеав; пеаја; пеал; пеан
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 434
1.
За човек - со глас изведува мелодични тонови, умее да изведува такви тонови; професионално се занимава со пеење; исполнува оперска партија.
Примери:
Врвеа војници и пееја.
Ја пееше познатата песна.
Баба ми убаво пееше.
Пее в опера.
Која партија ја пееше во „Трубадур?“
2.
Полн е со радост, трепет, воодушевување.
Примери:
Си пееше во него.
3.
За природни појави - издава еднолични гласови, шумови.
Примери:
Поточето си ја пее својата песничка.
Планинските води скокаат палаво и ја пеат пролетната песна.
Бури пеат и како оган палат.
Ветрец тивка песна пее.
4.
За птици и некои инсекти.
Примери:
Славеј пее.
Секое утро му пеело едно петле.
Петлите пеат во првите мугри.
Славеј пее во гората.
Пее жужалец во ноќта.
5.
Создава песни.
Англиски:
sing of
Албански:
këndoj, kompozoj
Тој пее за слободата на својот народ.
Татковино, за тебе пеам.
Слично со:
опева (несв.)
6.
Во црква држи литургија.
Примери:
На Велигден и владиката пееше во нашата црква.
7.
Дава помен на умрениот.
Примери:
Да одиме на гробот од мајка ти, да ѝ пееме девет години.
9.
пишува
Примери:
Така пее книгата.
(нар. поез.) Прстенот му пее: Левент Ѓорѓија.
10.
(се пее) Се пее песна.
Примери:
Се пее јуначка песна.
Може да се пее и црковна песна.
11.
(ми, му, ни, им... се пее) Има желба за пеење.
Примери:
Ми се пее.
Изрази
Кој пее, зло не мисли.
(посл.) Рано пиле, рано пее - кој рано рани, две среќи граби.
Ако ти пее петлето - ако имаш талент.
Ако ти пее петлето - ако вујко ти е владика.