а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

база

мн. бази
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 3961
1. основа, темел, подлога
Англиски: base Албански: bazë, themel
2. (само едн.) Почеток од кој и врз кој нешто се прави, се гради и се продолжува, се развива.
Англиски: base Албански: themel
Примери:
Истражувањата се врз база на споредбен пристап.
економска база
материјална база
општествена база
национална база
на доброволна база
Врз база на самоопределување.
3. Супстанција што се соединува со киселините и ги неутрализира градејќи сол.
Англиски: base Албански: bazë
Употреба: Хемија
4. Собирно место за концентрација на воени единици и за нивно снабдување и опслужување (подалеку од главните сили во земјата или надвор од неа).
Англиски: base Албански: bazë
Употреба: Воен термин
Примери:
воена база
Единицата се повлече во својата база.
Во базата на Главниот штаб.