а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

бакар

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 8084
1. Хемиски елемент, метал со темноцрвена боја.
Латински: Cuprum (Cu) Англиски: copper Турски: bakır Албански: bakër
Употреба: Хемија
Примери:
Не е од чисто злато, туку од бакар или од тенекија.
позеленет бакар
мек бакар
2. (зб. им.) Предмети, садови направени од бакар или обложени со бакар.
Англиски: copperware Албански: bakër
Примери:
Му го зеде бакарот, до последното котле.