бас
мн. басови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 13228
1.
Најдлабокиот машки глас.
Примери:
Чорбаџијата викна со дебелиот бас.
2.
Пејач со таков глас.
Примери:
Тој се усоврши кај познатиот светски бас Николај Ѓауров.
Вид: пејач (м.)
3.
Инструмент што дава длабоки тонови.
Примери:
Басот како инструмент многу често се користи во џез-музиката.
Вид: инструмент (м.)
Изрази
Бас-гитара - жичен музички инструмент, гитара со подлабоки тонови.