без
Вид збор: Предлог
Ранг: 149
1.
Отсуство, немање, недостиг, лишеност или изземање на нешто.
Англиски:
without
Јадење без сол.
Деца без родителска грижа.
Куќа без стопан.
Ќе одиме без тебе бидејќи си болен.
Спротивно од:
со (предл.)
2.
особина, карактеристика, квалификација
Англиски:
without
Човек без душа.
Жена без морал.
Воин без страв.
3.
Отсуство на мал дел од целина, мал недостиг.
Англиски:
without
Помина месец без два дена.
Часот е десет без една минута.
5.
условно значење
Англиски:
without
Без ука нема наука.
Со такви луѓе тешко се комуницира без трпение.
6.
допусно значење
Англиски:
without
Го избрале за шеф без исполнување на конкурсните услови.
7.
Во состав со „да“ прави сложен сврзник во реченици со начинско значење.
Англиски:
without
Помина покрај мене без да ме погледне.
8.
Во состав со „да“ прави сложен сврзник во реченици со условно значење.
Англиски:
without
Без да се испотиш добро, нема да оздравиш.
9.
Во состав со „да“ прави сложен сврзник во реченици со допусно значење.
Англиски:
without
Петар со години високо котираше во партијата без да покаже некоја активност.
10.
Во состав со „и“ означува пренебрегнување на искуството, на недостигот или на лишеноста.
Англиски:
without
И без твоја помош ќе се снајдам.
Јунак и без оружје е јунак.
11.
Со „не“ добива значење на присуство, постоење или вклученост на нешто (во извесен степен или целосно).
Англиски:
without
Го кажа тоа не без интерес / не без доза на иронија / не без страв.
Изрази
Двајца без тројца - малкумина, во мал број.
Без да даде аман - без знак за помош.
Без арка - без заштита.
Бричи без брич - многу студено време.
Бунар без дно; Вреќа без газер / дно - а) нешто што нема крај, што не може да се задоволи, б) расипник, растурач.
Бунар без вода - неплоден човек.
Без време умре, без ден умре - умре млад, прерано.
Без три чисти во главата - некој кому многу работи не му се јасни, кој не е многу паметен.