а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

белка

мн. белки
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 11498
1. Проѕирна течна материја околу жолчката во јајцето.
Англиски: egg white Албански: e bardha e vesë
Употреба: Гастрономија
Примери:
Таа измати белки со шеќер.
2. Бела, непроѕирна облога на окото.
Латински: oculus albus Англиски: sclera Албански: e bardha e syrit
Употреба: Медицина
Примери:
Високата температура му ги закрвави белките на очите.
Матно црвенило му ги покриваше белките.
3. Припадничка на белата раса.
Албански: e bardh
Употреба: Географија
4. Име за женка со бела боја кај домашните животни (овца, крава).
Албански: bardhoshe
Употреба: Земјоделство