бидува
  
    
    
  
  
        Види и: 
        	сум (несв.)
         
	
    
    
      
          
            
              бидуваат
            
          
      
    
    
    
      Вид збор: Глагол, несвршен
    
    
	    
	      Ранг: 3344
	    
	
    
    
      
          1.
          Во функција на спојка во именскиот прирок.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Димитар бидува затворен и спроведен прво во Битола, а потоа во цариградската зандана. 
	              
	            
	          
	            
	              Тој бидува натоварен со таа задача.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          2.
          (обично во 3. л.) се случува, станува
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Со плачење не бидува ништо.
	              
	            
	          
	            
	              Тоа така бидувало секогаш. 
	              
	            
	          
	            
	              Радиото кажа дека вечерва ништо не бидува.
	              
	            
	          
	            
	              Така бидува само во соништата.
	              
	            
	          
	            
	              А поарно ли му бидува на човека од тоа?
	              
	            
	          
	            
	              Се бидува на овој век.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          3.
          може, можно е
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Hикако не бидува да заборавиме дека литературниот јазик развива ред свои специфики. 
	              
	            
	          
	            
	              Не, така не бидува! 
	              
	            
	          
	            
	              Што не бидува, не бидува. 
	              
	            
	          
	            
	              Ќе биде - не бидува. 
	              
	            
	          
	            
	              Кој знае што бидува?
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          4.
          станува
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Кум бидувам, друго не. 
	              
	            
	          
	            
	              Шпион не бидувам. 
	              
	            
	          
	            
	              Полека внучко, тие работи не бидуваат така, веднаш.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          5.
          Има способност, способен е.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              За ништо не го бидува ни за в село, ни за в град.
	              
	            
	          
	            
	              Повеќе го бидува да дрдори. 
	              
	            
	          
	            
	              За сѐ те бидува. 
	              
	            
	          
	            
	              Ве бидува за пеење.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  Изведенки
      
      
        
          
           
          бидување ср.