благо
мн. блага
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 11425
1.
(едн.) Слатко, густо сварено овошје со многу шеќер.
Примери:
За добредојде едно благо.
Слично со:
слатко (ср.)
2.
Општ назив за секое јадење приготвено со шеќер.
Примери:
По ручекот, секогаш благо.
Се почестија со благо.
Мувите идат по благото.
Слично со:
десерт (м.)
3.
пари, злато, разни скапоцености
Примери:
три товари благо
скриено благо
закопани блага
неброени блага
Слично со:
скапоценост (ж.)
4.
духовно богатство, вредност
Примери:
Каде е вашето срце, таму ќе биде и вашето благо.
благата на животот
лексичко благо на македонскиот јазик
културно благо
Слично со:
богатство (ср.)
5.
Материјално богатство, богатството што го дава земјата, морето и сл.
Примери:
земно благо
морско благо