а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

блескав

блескави
Вид збор: Придавка
Ранг: 3251
1. Што блеска, многу сјаен.
Англиски: shiny
Примери:
Блескав ден.
Блескав сјај.
Блескава светлина.
Блескаво небо.
Блескаво сечило.
Блескаво сребро.
Блескав меч.
2. Што се истакнува со некое добро својство; извонреден.
Англиски: impressive
Употреба: Преносно значење
Примери:
Блескава кариера.
Блескава радост.
Изведенки
1. блескаво прил.
извонредно
Пример: Блескаво ја одигра претставата.
2. блескавост ж.