близу
Види и:
близок (прид.)
Вид збор: Прилог
Ранг: 1072
2.
За кратко време, наскоро.
Англиски:
soon
Митровден е близу.
Победата не е така близу.
Блиску е зимата.
Слично со:
наскоро (прил.)
3.
скоро, околу, тукуречи
Англиски:
about
Стара мома близу четириесет години.
Беше близу седум кога трамвајот застана на постројката на Калемегдан.
Оттогаш минаа близу шест месеци.
Изрази
Близу/блиску до умот - разбирливо, јасно.
Близу до вистината - објективно.
Близу (ми, ти, му...) е крајот - ќе заврши неславно; ќе умре.