бликне
бликнат; бликни, бликнете; бликнав, бликнаа; бликнал; бликнат; (ќе) бликнев, (ќе) бликнеа; (ќе) бликнел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 8247
1.
Шурне, потече силно, изобилно.
Примери:
Од челото му бликна крв и му го облеа лицето.
На жената и бликнаа солзи.
Бликнаа солзи ко немирни води.
Слично со:
шурне (св.)
2.
Силно избие; се пројави наеднаш.
Примери:
Житата и цвеќето само што не бликнале.
Овошките ќе пуштат корен и ластатарот ќе бликне.
Бликна од радост.
Изведенки
1.
бликнува несв.
бликнуваат
бликнуваат
2.
бликнување ср.
глаг. им.
глаг. им.