pour - онтологија

бликне повеќе

бликнат
Вид збор: Глагол, свршен
Шурне, потече силно, изобилно.
Албански: shpërthen
Примери:
Од челото му бликна крв и му го облеа лицето.

блисне повеќе

блиснат
Вид збор: Глагол, свршен
Истури, излее одеднаш.
Примери:
Ја грабнува чашата ракија и целата в уста ја истури, речиси ја блисна.

влева повеќе

влеваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Сипува, тура течност во нешто.
Албански: derdh

втури повеќе

(се) втурат
Вид збор: Глагол, свршен
Богато роди, се истури од род.
Примери:
Сливите се втурија годинава.

долее повеќе

долеат
Вид збор: Глагол, свршен
Дотури, досипе уште некаква течност.
Албански: mbush
Примери:
Тој им долеа вино на гостите.
Дополни со течност до врв или до определена мера.
Албански: mbush
Примери:
Ги долеа стомните со вода.

досипе повеќе

Види и: сипе (св.)
досипат
Вид збор: Глагол, свршен
Сипе до крај.
Албански: shtie, derdh
Примери:
Го досипа целото брашно во водата што вриеше.
Со сипење додаде уште, колку што е потребно.
Албански: derdh, shtie
Примери:
Му досипа во чашката уште ракија.

доточи повеќе

Види и: точи (несв.)
доточат
Вид збор: Глагол, свршен
Стави уште, дотури некаква пијачка.
Албански: mbush
Примери:
Доточи ми боза.
Заврши точење на некој пијалак.
Албански: mbush
Примери:
Го доточивме виното.

дотури повеќе

Види и: тури (св.)
дотурат
Вид збор: Глагол, свршен
Тури, притури уште малку, до определена мера.
Албански: mbush
Примери:
Му дотурила жената уште една рака гравчиња.
Заврши со налевањето на некаков пијалак.
Албански: mbush
Примери:
Му ја дотурив и последната капка од шишето.

жмрка повеќе

жмркаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Потекува наеднаш во силна струја.

завири повеќе

завират
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да вири.
Албански: derdh
Примери:
Очите и завирија од солзи.

заизвира повеќе

Види и: извира (несв.)
заизвираат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да извира, да тече.
Примери:
Од очите ми заизвираа солзи.

залее повеќе

залеат
Вид збор: Глагол, свршен
Наполни вода од чешма, бунар итн.
Албански: mbush
Примери:
Tаа залеа вода од изворот.
Зеде да се напие нешто.
Албански: merr
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ручекот го залеа со црно вино.

заплиска повеќе

Види и: плиска (несв.)
заплискаат
Вид збор: Глагол, свршен
(само во 3. л.) За дожд - почне да плиска, да истура.
Албански: derdh
Примери:
Надвор заплиска дожд.

запрска повеќе

запрскаат
Вид збор: Глагол, свршен
Полие со вода или со друга течност.
Албански: ujit
Примери:
Таа ги запрска децата со крстена вода.

засипе повеќе

засипат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да сипе.
Албански: shtie, derdh
Примери:
Тој ни засипа вино во чашите.

заточи повеќе

заточат
Вид збор: Глагол, свршен
Точи малку, во определена мера.
Албански: derdh
Примери:
Заточи малку од виното, колку да го проба.

затура повеќе

Види и: тура (несв.)
затураат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да тура.
Примери:
Затура од ракијата во чашите.

изблиска повеќе

Види и: блиска (несв.)
изблискаат
Вид збор: Глагол, свршен
Излие силно, наеднаш.
Примери:
Девојчето изблиска вода по дворот.

излее повеќе

излеат
Вид збор: Глагол, свршен
Истури течност од сад, направи да претекува.
Албански: derdh
Примери:
Тој излеа едно шише бензин на суровите дрва и ги запали.

источи повеќе

источат
Вид збор: Глагол, свршен
Налее течност во сад.
Албански: toçis
Примери:
Источи еден бокал вино.
Остави, направи да истече до крај.
Албански: toçis deri në fund
Примери:
Го источи виното.

истури повеќе

истурат
Вид збор: Глагол, свршен
(се истури) Се излее од небото.
Албански: derdh, zbraz
Примери:
Вчера се истурија дождови.

лее повеќе

леат
Вид збор: Глагол, несвршен
Cилно тече, истекува или се излачува.
Албански: derdh
Примери:
Мојата мајка солзи лее, а твојата песни пее.
За бисер - истура бисер.
Примери:
Кога збори, бисер лее.

навири повеќе

навират
Вид збор: Глагол, свршен
Исполни со солзи.
Албански: derdh
Примери:
Ги навири очите.
(се навири) Се исполни со солзи.
Албански: mbush
Примери:
Очите му се навирија.

навлезе повеќе

Види и: влезе (св.)
навлезат
Вид збор: Глагол, свршен
Влезе во голем број, во големо количество.
Албански: fut, hy
Примери:
Во дворот на училиштето навлегоа војници.

навре повеќе

наврат
Вид збор: Глагол, свршен
(само 3. л.) надојде, исполни, обземе
Албански: fus, rras
Примери:
Солзи му навреа на очите.

надолее повеќе

надолеат
Вид збор: Глагол, свршен
Долее, потури уште колку што треба.

налее повеќе

налеат
Вид збор: Глагол, свршен
Тури, сипе течност во некаков сад.
Албански: derdh
Примери:
Зеде две чаши и налеа ракија.
Залее, наполни вода.
Албански: mbush
Примери:
Отидоа на чешма да налеат вода.
(се налее) Се исполни, стане покрупен.
Албански: mbushet
Примери:
Порасна високо момче, снагата му се налеа.

насипе повеќе

насипат
Вид збор: Глагол, свршен
Тури, налее течност во некаков сад.
Албански: mbush
Примери:
Му насипа вино и го покани да наздрават.
Тури, претури во доволно количество нешто што се сипе.
Албански: mbush tepër
Примери:
Ги насипаа рибите со крупна сол.
Натрупа земја, песок, направи насип.
Албански: mbush
Употреба: Архитектура и градба

наточи повеќе

наточат
Вид збор: Глагол, свршен
За течност - налее, тури, наполни сад за течност.
Албански: mbush
Примери:
Од кое вино да наточам?

натури повеќе

натурат
Вид збор: Глагол, свршен
Тури нешто во поголемо количество, на повеќе места.
Албански: ujit, derdh
Примери:
Им натури вода на цвеќињата.

облее повеќе

облеат
Вид збор: Глагол, свршен
Полее со многу течност по целата површина; пролее, истури многу течност врз нешто.
Албански: lag
Примери:
Дождот ја облеа сувата трева.

оттури повеќе

оттурат
Вид збор: Глагол, свршен
Истури мал дел од некоја течност.
Албански: shtie, qes
Примери:
Оттури малку вода.
(се оттури) Се истури мал дел од некоја течност.
Албански: derdh, shpraz
Примери:
Грнето малку се оттури.

подисипе повеќе

Види и: исипе (св.)
подисипат
Вид збор: Глагол, свршен
Исипе, излие малку, донекаде.
Примери:
Подисипа од чашата пред да му ја подаде на детето да се напие вода.

полее повеќе

полеат
Вид збор: Глагол, свршен
Потури вода за измивање.
Албански: qet ujë
Примери:
Таа им полеа вода на гостите за да ги измијат рацете.
(се полее) се потури
Албански: lagem
Примери:
Се полеа со врела вода.

понаточи повеќе

Види и: наточи (св.)
понаточат
Вид збор: Глагол, свршен
Налее, тури, наполни уште малку сад за течност.
Примери:
Понаточи уште малку вино.

попритури повеќе

Види и: притури (св.)
попритурат
Вид збор: Глагол, свршен
Притури, налее малку течност и сл., од еден во друг сад.
Примери:
Попритури уште вода во тенџерето.

посипе повеќе

посипат
Вид збор: Глагол, свршен
Полие со течност, потури.
Албански: stërpikë
Примери:
Жената ја подигна кофата и му посипа вода за да се измие.
(се посипе) се потури
Албански: derdh
Примери:
Се посипа со вода за да се освежи.

поттура повеќе

Види и: поттури (св.)
поттураат
Вид збор: Глагол, несвршен
Полие, залие, сипе во некоја мера.
Албански: ujis, mbush, derdh pak
Употреба: Ретко

поттури повеќе

поттурат
Вид збор: Глагол, свршен
Полие, залие, сипе во некоја мера.
Албански: ujis, derdh, mbush pak
Примери:
Му поттурија вода да се измие.

потура повеќе

Види и: потури (св.)
потураат
Вид збор: Глагол, несвршен
Истура, посипува вода некому да се измие.
Албански: qes, derdh
Примери:
Му потура вода на свекорот.

потури повеќе

потурат
Вид збор: Глагол, свршен
Полие, истури (обично вода) некому да се измие.
Албански: qes, shtij
Примери:
Потури ми вода да си ги измијам рацете.

прилее повеќе

прилеат
Вид збор: Глагол, свршен
Долее, налее уште малку.

притури повеќе

притурат
Вид збор: Глагол, свршен
Тури, сипе, налие уште малку.
Албански: mbush, shtie, derdh
Примери:
Домаќинката им притури вино на гостите.

разлее повеќе

разлеат
Вид збор: Глагол, свршен
Налее на разни места, преточи.
Албански: derdh
Примери:
Го разлеа виното во чаши.

расплива повеќе

Види и: плива (несв.)
распливаат
Вид збор: Глагол, свршен
навира (од сите страни)
Примери:
(нар. поез.) Се распули по гора зелена, / што да види чудо и големо! / зашто виде војска распливала.
За множество (народ, војска) - се појави, се раздвижи на сите страни.
Примери:
Војската се расплива по фронтот.

розга повеќе

розгаат
Вид збор: Глагол, несвршен
За течност - силно тече.
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Од земјата розгаше вода.

рукне повеќе

рукнат
Вид збор: Глагол, свршен
За огин, чад - избие силно.
Албански: derdh
Примери:
Рукна чад низ покривот.

сипе повеќе

сипат
Вид збор: Глагол, свршен
Налее течност во нешто.
Албански: derdh
Примери:
Сипи ми една чаша вода.

сипе повеќе

сипат
Вид збор: Глагол, несвршен
Налева течност во нешто.
Албански: hedh, mbush
Примери:
Сипе вино во чашите.
Истура, префрлува нешто сипливо од сад, вреќа во нешто друго, на друго место.
Албански: hedh
Примери:
Сипе песок во варта.
За снег, дожд - паѓа.
Албански: derdh
Примери:
Сипе непрекинато дожд, снег.
Испраќа, истура нешто во големо количество.
Примери:
Сипат искри.

сипува повеќе

Види и: сипе (несв.)
(се) сипуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Налева, тура течност во нешто или врз нешто.
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Повремено сипувајќи по малку вода.

стече повеќе

стечат
Вид збор: Глагол, свршен
потече (одеднаш), бликне
Албански: rrjedh
Примери:
Стече крв од сите страни.

точи повеќе

точат
Вид збор: Глагол, несвршен
Налева, тура некаква пијачка.
Албански: derdh
Примери:
Точи вино.
(се точи) Тече, се лие, во тенки млазеви, бразди.
Албански: toçit
Примери:
Две солзи се точат по лицето сиво.

тура повеќе

турат
Вид збор: Глагол, несвршен
става, сипе
Албански: shtie, mbush
Употреба: Разговорно
Примери:
(разг.) врне, тура

тури повеќе

турат
Вид збор: Глагол, свршен
стави, сипа
Албански: derdh
Употреба: Разговорно
Примери:
Тури вода, вино и сл.