богатство
мн. богатства
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 1742
1.
Големо количество материјални добра што некој ги поседува.
Примери:
бесценето богатство
Тој стекна големо богатство тргувајќи со брашно.
2.
Природни добра, руди, шуми и сл.
Примери:
Тие ги експлоатираат рудните богатства на нашата земја.
природни богатства
3.
Изобилство на духовни блага, добра и особини.
Примери:
Богатството на нејзината душа ги пленеше сите што ја познаваа.
духовни богатства
Слично со:
изобилие (ср.)