а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

бонитет

мн. бонитети
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 38637
Белези што го прават субјектот добар и сигурен должник; финансиска позиција и репутација на должникот во деловните односи.
Англиски: credit rating Албански: bonitet
Употреба: Економија
Примери:
Сите пријавени на тендерот доставија документи за бонитет.
Изрази
Бонитет на банка - кредитна способност на банката што се проценува според тоа како работи и како одговара на своите обврски.
Бонитет на земјата - вредност на земјиште според квалитетот.