братство
мн. братства
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 4519
1.
Однос меѓу браќа и меѓу браќа и сестри; братски однос меѓу пријатели, големо пријателство.
Англиски:
brotherhood
Албански:
vëllazëri
2.
Општествена група која се темели на заедничко потекло, соединетост и солидарност на економски, општествен и обредно-религиозен план.
Примери:
Крушевското братство испратило писмо до Чернодрински.
3.
Здруженост по чувство на блискост по која и да е основа.
Англиски:
brotherhood
Албански:
vëllazëri
Меѓу нив се роди братство и тоа го запечатија и јавно, фаќајќи се тројцата Свети Јовани во црквата.