а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

бригадир

мн. бригадири
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 5901
1. Командант на бригада.
Англиски: brigadier Албански: brigadier
Употреба: Воен термин
Примери:
Бригадирот на нашата бригада беше добар човек.
2. Раководител на работна единица, бригада во производството, во градежништвото и сл.
Англиски: brigadier Албански: brigadier
Употреба: Економија , Историја
Примери:
Бригадирот ги распредели задачите за денес.
Тој беше бригадир на градежната бригада во нивната задруга.
3. Член на младинска работна бригада.
Англиски: brigadier Албански: brigadier
Употреба: Историја
Примери:
Бригадирите заминаа на заслужен одмор.
Изведенки
бригадирски прид.
бригадирскиот
Што се однесува на бригадир.
Пример: Бригадирски средби.