брка
бркаат; бркал; бркан; бркајќи
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 1794
1.
гони, тера
Примери:
Ловците и кучињата го бркаа волкот.
Аскерот ги брка голораките селани по полето.
Слично со:
гони (несв.)
2.
меша, буричка, размешува
Примери:
Стариот го бркаше качамакот со едно сукало.
Слично со:
буричка (несв.)
3.
буни, збунува
Примери:
Писателот ги брка тие два поима.
Не бркај го детето, остави го да зборува.
Слично со:
збуни (св.)
4.
(се брка) Се гони со некого.
Примери:
Децата се бркаа по улицата.
5.
(се брка) Буричка, посега в џеб или на слично место.
Примери:
Селанецот се брка во полускинатиот црвен појас да провери да не му го украл некој ќесето со пари.
Слично со:
буричка (несв.)
6.
(се брка) Се меша во некоја, обично туѓа работа.
Примери:
Тој постојано се брка во моите работи.
7.
(се брка) се буни, се збунува
Англиски:
get confused
Албански:
hutoj
Детево многу се брка кога одговара пред цел клас.
Изрази
Брка(ј)работа - врши, тера(ј) работа.
(посл.) Кај ти даваат - земи, кај те бркаат - бегај.
Изведенки
бркање ср.
глаг. им.
глаг. им.