брлог
мн. брлози
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 9769
1.
Легло за диви животни.
Примери:
Превртената земја мириса на некаков брлог од бозје и скапани лисја.
2.
Нечисто место.
Примери:
Ќе те пуштам да лазиш по оваа валкани дупка, по овој наш брлог.
Слично со:
дупка (ж.)
3.
Легло воопшто, дом.
Примери:
Утрото земам да работам, сака да се измете брлогот, да се испере, да се стори.
Слично со:
дом (м.)