а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

буен

бујниот
Вид збор: Придавка
Ранг: 4705
1. Густ, што расте многу, во изобилство.
Англиски: dense Албански: i bujshëm,
Примери:
бујна трева
бујно зеленило
2. растовит, јак, развиен
Англиски: well-built Албански: i fortë
Примери:
бујно младо момче
Беше висока, витка, со долги нозе и сразмерно развиени бутови, бујни гради и права како пушка.
3. јак, силен
Англиски: strong Албански: i fortë, i fuqishëm
Примери:
Под селото имаше голема и бујна река.
4. жив, развиен
Англиски: vivid Албански: i zhvilluar, i gjallë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Бујната фантазија на детето создала чудесни слики.
Нејзината бујна младост ништо не можело да ја сопре.
Изведенки
1. бујно прил.
Пример: Некаков немир во собата нечујно, бујно расте.
2. бујност ж.