бурјан
мн. бурјани
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 17982
1.
Трајна зелена билка, висока од 1 до 2 метри, со ситни бели цветови и црни бобинки како плод; див бозел.
Примери:
Седеше во меѓата заграден со боз, бурјан, мирудија, коприви и плет од капини.
Вид: билка (ж.)
2.
трева, плевел
Примери:
Патот водеше низ густите бурјани од штавеј и цволики под кои излегуваа уплашени кокошки.
Слично со:
плевел (м.)
Изведенки
бурјанче ср.
мн. бурјанчиња
дем.
мн. бурјанчиња
дем.