бучкуруш
мн. бучкуруши
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 31982
1.
Јадење подготвено од несоодветни состојки.
Примери:
Министер ли да сркне и да проба од бучкурушот?
Честопати се случуваше да не пробам воопшто од бучкурушите на свекрва ми.
Вид: јадење (ср.)
2.
Мешавина од несоодветни работи.
Примери:
Аман бе деца, бучкуруш ќе направите, не мешајте се.
Слично со:
безредие (ср.)
Изведенки
бучкуруш прид.
(прен.) лош, несоодветен
Пример: бучкуруш вино
(прен.) лош, несоодветен
Пример: бучкуруш вино