вдлаби
вдлабат; вдлабил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 23946
1.
Со притисок или на друг начин направи длабнатина.
Примери:
Тенкот го вдлаби асфалтниот пат каде што помина.
2.
вреже, втисне
Примери:
Тој вдлаби во стеблото на буката некаков знак.
3.
(се вдлаби) Се направи длабнатина.
Примери:
Од поплавите патот се вдлаби на неколку места.
4.
(се вдлаби) пропадне, се втисне
Примери:
Тесното и стегнато коланче се вдлабуваше во нејзините полни слабини.
Слично со:
навлезе (св.)
Изведенки
1.
вдлабува несв.
(се) вдлабуваат
(се) вдлабуваат
2.
вдлабување ср.
глаг. им.
глаг. им.