верува
веруваат; верувам; верувал, верувале
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 248
1.
Смета, мисли, убеден е дека нешто е така како што се прикажува, како што се претставува, дека е вистинито, реално.
Примери:
Верува во Господ.
Таа веруваше дека е среќна.
Дали ти веруваш во тоа што го зборуваш?
Спротивно од:
знае (несв.)
2.
Има доверба во некого или нешто.
Примери:
Долго те учат да веруваш во луѓето.
Му верувам само на мојот часовник.
Не им верува на очите.
3.
(се верува) смета, мисли
Примери:
Не ми се верува.
Ситиот на гладен не верува.
Изведенки
верување ср.
мн. верувања
глаг. им.
Пример: Кај народот постојат различни верувања за истата појава.
мн. верувања
глаг. им.
Пример: Кај народот постојат различни верувања за истата појава.