ветар
Види и:
ветер (м.)
ветрот
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 1280
1.
Струење на воздухот во атмосферата предизвикано од разликата во температурата на воздушните слоеви или од разликата во притисокот.
Примери:
Дува ветар.
Северен ветар.
Слично со:
ветер (м.)
2.
воздух
Примери:
Ќе излезам да ме фати ветар.
3.
Правец, струја, во политиката и др.
Примери:
Тие беа зафатени од оној ветар во политиката кој нудеше поголема слобода.
Изрази
(мед.) Црвен ветар - заразно заболување на кожата.
Ветар и магла - несериозно, несигурно, безвредно.
Зборува на ветар - залудно, напразно.
Ветар работа - несериозна, несигурна.
Ветар го вее - несериозен човек, ветрогон.
Кој ветар го довеа? - Од каде, што го натера да дојде (за тој што е непожелен).
Се врти како што дува ветрот - постапува непринципиелно, се предава на околностите.
Ветар фати, ветар пушти.
Изведенки
ветрец ср.
дем.
дем.