вжари
вжарат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 41651
1.
Усвити, загрее, доведе до состојба на жар.
Примери:
Ковачот го вжари железото и почна да го кове.
Слично со:
усвити (св.)
2.
Доведе до напната атмосфера, ситуација, состојба.
Примери:
Атмосферата во салата се вжари.
3.
(се вжари) Се усвити до состојба на жар.
Примери:
Од силно разгорениот оган печката се вжари.
4.
(се вжари) Има изглед на жар, се зацрвени.
Примери:
Лицето му се вжари.
Слично со:
зацрвени (св.)
Изведенки
1.
вжарува несв.
вжаруваат
вжаруваат
2.
вжарување ср.
глаг. им
глаг. им