а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

ви

Вид збор: Заменка
Ранг: 143
1. Кратка форма за индиректен предмет од личната заменка вие; се употребува сама или заедно со долгата форма - вам ви.
Англиски: your
Примери:
Дали ви кажаа?
Ви испратиле порака.
Вам не ви е доволно тоа.
Вам што ви треба?
2. Со именки што означуваат сродство има посвојно значење.
Англиски: your
Примери:
Како е мајка ви?
Баба ви ќе ве посети.
Брат ви не е тука.
3. Од почит - Ви (кон едно лице) наместо ти.
Англиски: you