вивне
вивнат; вивни, вивнете; вивнав, вивнаа; вивнал; вивнат; вивнев, вивнеа; вивнел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 5868
1.
За оган - пламне, силно се разгори.
Примери:
Огнот вивна наеднаш.
По бомбардирањето во градот вивнаа пожари.
Слично со:
разгори (св.)
2.
За човек - се зацрви (од возбуда, од температура).
Примери:
Ушите му вивнаа.
Тој вивна и налутен се стрча кон човекот.
Слично со:
зацрви (св.)
Изведенки
1.
вивнува несв.
вивнуваат
вивнуваат
2.
вивнување ср.
глаг. им.
глаг. им.