вивнат
Вид збор: Глагол, свршен
(се вивне) Се извиши, се крене високо.
Примери:
Орелот се вивна в облаци.
вишат
Вид збор: Глагол, несвршен
Прави, тера некого или нешто да се крева (да лета) нагоре високо (во височините).
Примери:
Комшијата ги вишеше гулабите.
Вид збор: Глагол, несвршен
Прави да се чувствува важен, значаен, да има високи квалитети.
Примери:
Идеалот за слобода го издига борецот до невидени висини.
издигнат
Вид збор: Глагол, свршен
Дигне одеднаш високо.
Примери:
Големиот бран го издигна високо чунот.
(се издигне) Се крене во височините.
Примери:
Неговите гулаби се издигнаа високо во небото.
изнакреваат
Вид збор: Глагол, свршен
Крене многу, во голема количина.
Албански:
ngrit, ngre shumë
Примери:
Изнакревал тој товар во животот како никој друг.
Вид збор: Глагол, несвршен
кренат
Вид збор: Глагол, свршен
дигне
Примери:
Го крена погледот и гледа.
Вид збор: Глагол, несвршен
Вид збор: Глагол, свршен
дигне, крене, поткрене
Примери:
Ја надигна главата да може да гледа.
наднесат
Вид збор: Глагол, свршен
Крене, издигне над нешто.
Примери:
Ја наднесе раката над очите и внимателно се загледа.
накренат
Вид збор: Глагол, свршен
Крене донекаде, подигне малку.
Примери:
Ја накрена двоцевката и со силен грмеж го процепи воздухот.
Вид збор: Глагол, несвршен
подигне
Примери:
Тоа ја подига јавната свест.
подигнат
Вид збор: Глагол, свршен
Поткрене, истави тоа што е со нешто поклопено, покриено.
Примери:
Ја подигна тешката плоча под која лежеше телото на загинатиот.
Крене и стави, постави во вообичаена положба тоа што е паднато, спуштено наведнато (на пр. облека што се носи).
Примери:
Мајката му ги подигна панталончињата на детето.
Помогне некому да стане.
Примери:
Болничарот го подигна болниот на нозе.
покачат
Вид збор: Глагол, свршен
Премести предмет повисоко.
Примери:
Го покачи чоколадото на горните полици за да не го достигнат децата.
Вид збор: Глагол, свршен
подигне, почне, тргне
Примери:
Целиот систем го покренавме во миг и ги ангажиравме возилата за итна медицинска помош.
понадигнат
Вид збор: Глагол, свршен
Поткрене, зајакне материјално во мала или во поголема мера.
Примери:
Тој го има понадигнато.
Вид збор: Глагол, свршен
Се поткрене малку.
Примери:
Таа се попоткрена од столот за да се поздрави со нив.
поткачат
Вид збор: Глагол, свршен
Кaчи, дигне некого или нешто малку повисоко.
Примери:
Го поткачи детето на столче за подобро да ја гледа претставата.
Вид збор: Глагол, несвршен
крева малку
Примери:
Мене тоа секогаш ме поткрева, ми принесува пред очи ведрина.
поткренат
Вид збор: Глагол, свршен
(се поткрене) Се подигне малку.
Примери:
Се поткрена малце на колена.
Вид збор: Глагол, свршен
Дигне малку, подигне.
Примери:
Придигни го килимот да го видиш ѓубрето.