вид
мн. видови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 302
1.
(едн.) Едно од петте сетила, чијшто орган се очите.
Примери:
Му ослабе видот.
Го загуби видот на едното око.
Вид: сетило (ср.)
2.
надворешен облик
Примери:
Во вид на срце.
3.
Подраздел во систематиката кој влегува во системот на повисокиот раздел.
Примери:
вид растение
За потеклото на видовите.
4.
разновидност, различност
Англиски:
multitude
Албански:
shumëllojshmëri
неколку вида чевли
Му постави два вида прашања.
Слично со:
различност (ж.)
5.
Граматичка категорија на глаголот што го означува дејството како несвршено или свршено.
Примери:
Свршен и несвршен вид.
Изведенки
видски прид.
видските
Што се однесува на вид.
Пример: видски пар
видските
Што се однесува на вид.
Пример: видски пар