род
мн. родови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 1143
1.
Основна заедница на првобитното општество - група луѓе сврзани со крвно родство.
Примери:
Родот е основна клетка на првобитната заедница.
2.
Ред поколенија што потекнуваат од еден предок.
Англиски:
generation
Албански:
brez
Македонскиот род успеал да се одржи.
Слично со:
поколение (ср.)
3.
Лица блиски по крвно родство, роднини.
Примери:
Зеде жена од добар род, од господски род.
Ние сме род по женска линија.
близок род
(разг.) човечки род
Слично со:
раса (ж.)
4.
плод, рожба
Примери:
И од нас род да остане.
Богат, обилен, прв род.
Даде род.
Слично со:
плод (м.)
5.
При научна класификација - група животни или растенија со општи признаци; група предмети, појави, поими и сл. со општи белези.
Примери:
Главен претставник на родот на мачките.
Сите тие проблеми се од ист род.
7.
Граматичка категорија во некои јазици.
Примери:
машки род, женски род, среден род
Слично со:
категорија (ж.)
Изрази
(нар. поез.) Убава мома род нема / длабока вода брод нема.