а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

вид

мн. видови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 302
1. (едн.) Едно од петте сетила, чијшто орган се очите.
Англиски: sight Албански: pamje
Употреба: Медицина
Примери:
Му ослабе видот.
Го загуби видот на едното око.
2. надворешен облик
Англиски: form Албански: formë
Примери:
Во вид на срце.
3. Подраздел во систематиката кој влегува во системот на повисокиот раздел.
Англиски: species Албански: lloj
Примери:
вид растение
За потеклото на видовите.
4. разновидност, различност
Англиски: multitude Албански: shumëllojshmëri
Примери:
неколку вида чевли
Му постави два вида прашања.
5. Граматичка категорија на глаголот што го означува дејството како несвршено или свршено.
Англиски: tense Албански: veprim
Примери:
Свршен и несвршен вид.
Изведенки
видски прид.
видските
Што се однесува на вид.
Пример: видски пар