виор
мн. виори
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 8492
1.
Многу силен ветер.
Примери:
Високите буки зафатени од виорот се виткаат, крцкаат, допирајќи се со врвовите.
Виорот на есенските луњи се слуша низ оџакот.
Слично со:
бура (ж.)
2.
Состојба на полн развој, на силен разгор.
Примери:
Во виорот на војната.