а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

виши

вишат; вишел; вишен
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 11205
1. Расте во височина.
Англиски: grow Албански: rritet
Примери:
Крушата виши како луда.
2. Се крева, лета нагоре, во височините.
Англиски: rise Албански: ngrihet
Примери:
Гулабите вишеа кон облаците.
3. Стои издигнат, висок.
Албански: lartë
Примери:
Пред портата на манастирот вишеше орев.
4. Прави, тера некого или нешто да се крева (да лета) нагоре високо (во височините).
Англиски: lift Албански: çoj
Примери:
Комшијата ги вишеше гулабите.
5. (се виши) Расте во височина, станува сѐ повисок.
Англиски: grow Албански: rritet
Примери:
Од година на година се вишел синот пред очите на мајка си.
6. (се виши) Се крева, лета нагоре сѐ повисоко, во височините.
Англиски: rise Албански: ngrihet
Примери:
Едрилицата се вишеше нагоре.
Од оџакот на самотната куќичка се вишеше чад.
7. (се виши) Се издига, се истакнува, се изделува со својата височина.
Албански: ngrihet
Примери:
Кулата се вишеше во долниот крај на селото.