а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

расте

растат; растел; растат; растејќи
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 843
1. За човек, животно, растение - станува поголем како резултат од животниот процес; за заби, коса - никнува.
Англиски: grow Албански: rritet
Примери:
Растат децата како трева.
Брзо растеше тополата во дворот.
Фати пак да му расте коса.
2. Поминува во некакви услови своето детство, раните години.
Англиски: grow Албански: rritet
Примери:
Заедно растевме, заедно учевме.
3. За растение - вирее, се развива.
Англиски: grow Албански: rritet
Употреба: Ботаника
Примери:
Кај нас и портокали растат.
4. Се зголемува по број, размер, обем.
Англиски: increase Албански: shtohet
Примери:
Од ден на ден неговото богатство растеше.
Цените брзо растат.
Расте нашиот град.
(разг.) Расте во очите на некого.
5. се усовршува, се издига, се развива
Англиски: improve Албански: zhvillohet, përmirësohet
Употреба: Преносно значење
Примери:
И не забележуваш како растеш низ практиката и учењето.