определен
определени
Вид збор: Придавка
Ранг: 1943
1.
Што е точно установен, утврден; што е точно насочен.
Англиски:
determined
Определениот рок за запишување на факултет беше изминат.
Определено движење.
2.
јасен, оформен, сигурен
Англиски:
fixed
Тој нема определен став по тоа прашање.
Тој патуваше со определена цел.
3.
Што не е директно искажан, извесен, некој, некаков.
Англиски:
specific
На определени прашања тој немаше, одговор.
Тоа може да се совлада со определен напор.
Изведенки
определено прил.
Одредено, јасно, недвосмислено.
Пример: Многу определено кажуваше за настаните од таа ноќ.
Одредено, јасно, недвосмислено.
Пример: Многу определено кажуваше за настаните од таа ноќ.