впечаток
мн. впечатоци
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 864
1.
Чувство, слика, трага во свеста на човекот од нешто доживеано или осознаено.
Англиски:
impression
Албански:
përshtypje, mbresë
Добие впечаток.
Направи впечаток.
Силен впечаток.
Слично со:
импресија (ж.)
2.
Влијание, дејство врз чувствата или однесувањето на некого.
Англиски:
impression
Албански:
përshtypje
Беше под силен впечаток на случајот.
Сите беа под впечаток на неуспешната приредба.
Слично со:
ефект (м.)
3.
Мисла, проценка за некого или нешто.
Англиски:
assessment
Албански:
përshtypje, mendim
Тој пишува за комплетниот впечаток од драмата.
На масата немаше книга за впечатоци.