а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

впрегне

впрегнат; впрегни, впрегнете; впрегнав, впрегна, впрегнаа; впрегнал; впрегнат; (ќе) впрегнев, (ќе) впрегнеа; (ќе) впрегнел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 9637
1. Стави животно во запрега или во јарем.
Англиски: yoke Албански: lidhë fortë
Примери:
Го впрегна коњот во пајтонот.
Ги впрегна воловите во јаремот.
2. Натера, присили на нешто.
Англиски: subjugate Албански: vë nën kontroll
Употреба: Преносно значење
Примери:
Впрегнале во таа војска и кој сака и кој не сака.
3. (се впрегне) Се ангажира во нешто.
Англиски: engage Албански: angazhoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Штом се вратил, се впрегнал да го заврши своето образование.
Изведенки
1. впрегнува несв.
(се) впрегнуваат
2. впрегнување ср.
глаг. им.