врви
врват
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 1518
1.
Оди, поминува без запирање, со ист чекор покрај нешто, некаде.
Примери:
Секој ден врви оттаму.
Слично со:
оди (несв.)
2.
Се протега, минува, води некаде (за пат, сообраќајна врска).
Примери:
Патот врви низ селото.
3.
За време, за живот - поминува, тече.
Примери:
Времето си врви без да го сетиш.
Слично со:
поминува (несв.)
4.
Важи, вреди (обично за пари).
Примери:
Овие пари веќе не врват.
5.
За стока - има продажба, се продава.
Примери:
Денеска добро врват јаболката.