помине
поминат; поминам, помини, поминете; поминав, поминаа; поминал; поминев, поминеа; поминел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 291
1.
Мине низ нешто, покрај нешто или покрај некого.
Примери:
Помина по мостот.
Трамвајот полека го помина плоштадот и продолжи накај пазарот.
Помина покрај мене еден чуден човек.
2.
Некој мине определено време некаде, некако.
Примери:
Ја помина ноќта во куќата на баба ѝ.
Тие го поминаа одморот на планина.
Тој ги помина со неа последните години од својот живот.
3.
Доживее, преживее определен временски период.
Примери:
Нејзината младост бргу помина.
Тој помина извесно време на работа во Германија.
Слично со:
преживее (св.)
4.
Измине некој временски период, рок, годишно време и сл.
Англиски:
pass
Албански:
kaloj, shkoj
Зимата бргу помина.
Оттогаш поминаа три месеци.
Слично со:
измине (св.)
5.
(обично несв.) врви, минува
Англиски:
pass
Албански:
kalon, shkon
Патот поминува низ шума.
Оттука поминуваат сите главни сообраќајни јазли.
6.
Заврши, дојде до крај.
Англиски:
complete
Албански:
mbaroj, merr fund
Свадбата помина весело.
Изборите поминаа во мирна, демократска атмосфера.
Операцијата поминала без компликации.
7.
Направи неопределено движење со раката преку нешто.
Англиски:
pass
Албански:
kaloj, bëj
Агентот помина со рака преку влажното чело.
Сликарот со брзи потези на четката помина уште неколку пати по платното.
8.
За болка, маки - се сврши, престане.
Англиски:
stop
Албански:
kaloj, ndalë
Мене ми помина болката, не ме боли веќе.
Му помина главоболката.
Слично со:
престане (св.)
10.
Мине од едно нешто на друго.
Примери:
Свадбарите од ракија поминале на вино.
Дискутантот од едно прашање помина на друго без да ги поврзува работите.
11.
Мине, измине дел од определена содржина.
Англиски:
pass
Албански:
kaloj, shkoj
Помина половина филм, а уште ништо значајно не се случило.
12.
Изучи, совлада некаква материја, наставна програма и сл.
Англиски:
pass
Албански:
kaloj, përsëris
Пред испитот го помина материјалот уште еднаш.
13.
Се јави и брзо исчезне (телесна дразба, осет, чувство, мисла).
Примери:
Една мисла му помина низ главата.
Некаква милина му помина од нозете нагоре.
Преку лицето ѝ помина блага насмевка.
Брзо му помина лутината.
Морници ми поминаа низ телото.
14.
Е одобрен, примен, прифатен.
Примери:
Неговиот предлог не помина.
Тоа прашање нема да помине денес на состанокот.
Таа работа не помина кај директорот.
15.
Се подложи на учење, школување, напредување во работата.
Англиски:
pass
Албански:
kaloj, mbaroj
Ги помина сите фази на школувањето во родниот град.
16.
Успешен е во некоја работа.
Англиски:
pass
Албански:
kaloj, jap
На испитот поминаа само двајца.
17.
Покаже успех, заврши нешто со успех.
Примери:
На фестивалот помина нашиот кандидат.
18.
Се пробие, мине низ нешто.
Англиски:
pass
Албански:
kaloj, depërtoj
Еден шрапнел ѝ поминал преку градите и ѝ го зел гласот.
Ножот поминал покрај срцето.
Куршумот поминал низ левата потколеница.
19.
За глас, вест - се рашири на повеќемина или повеќе места.
Примери:
Веста помина од уста на уста низ целата чаршија.
Слично со:
рашири (св.)
Изрази
Многу поминало - многу се претрпело, ќе се издржи и ова.
Како на куче му помина - оздраве многу лесно, многу брзо.
Сум поминал јас по тој пат - ги знам тие работи.
(ирон.) Поминал низ лозје - пијан човек.
Не може ни пиле да помине - многу голема заштита, осигурување.
Колку да помине редот - површна работа.
Купи ден, помини - живее од денес до утре.
Жеден преку вода ќе те помине - итро ќе го избегне одговорот (или нешто направи за некого).
Евтино помина (кај некого, или со нешто) - помине со лесно, без проблеми.
Многу му помина преку глава - преживеа тешки моменти во животот.
Помина сито и решето - доживее и преживее сè и сешто.
Помина како преку турски гробишта - мине крај некого не обрнувајќи внимание, без да прозбори нешто.
Изведенки
1.
поминува несв.
поминуваат
поминуваат
2.
поминување ср.