врне
врнат; врнеше, врнеа; врнел; врнет; врнејќи; врна; врнаа; врнал; врнат
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 2765
1.
(само 3. л.) Паѓа дожд, снег.
Англиски:
precipitate
Албански:
resh
Пред железничката станица почна да врне.
Оваа есен цело време врне.
2.
За дожд - наврнува некого, нешто.
Примери:
Ајде, влегувај дома, дождот да не те врне!
Изрази
Врне, грми, патот врви - и во добри и во лоши услови патот/работата тече.
Ако не врне, ќе капне - ако нема многу, нешто сепак ќе се заработи.
Изведенки
врнење ср.
глаг. им.
глаг. им.