а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

врне

врнат; врнеше, врнеа; врнел; врнет; врнејќи; врна; врнаа; врнал; врнат
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 2765
1. (само 3. л.) Паѓа дожд, снег.
Англиски: precipitate Албански: resh
Примери:
Пред железничката станица почна да врне.
Оваа есен цело време врне.
2. За дожд - наврнува некого, нешто.
Англиски: wet Албански: lagë
Примери:
Ајде, влегувај дома, дождот да не те врне!
Изрази
Врне, грми, патот врви - и во добри и во лоши услови патот/работата тече.
Ако не врне, ќе капне - ако нема многу, нешто сепак ќе се заработи.
Изведенки
врнење ср.
глаг. им.