вртелешка
мн. вртелешки
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 11540
1.
Кружна направа, конструкција што се врти, со седишта исти или разни по форма, наменети за забава.
Англиски:
merry-go-round
Албански:
karusel
Зад мостот има панаѓур, вртелешка, врева, трешти свирка.
Слично со:
рингишпил (м.)
2.
Детска играчка што се врти на ветер.
Албански:
karusel
Децата мавтаат со знаменца и вртелешки.
Деца со вртелешки во рацете трчаа по улиците.
Вид: играчка (ж.)