глужд
мн. глуждови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 5026
1.
Зглоб кој ги спојува стапалото и потколеничната коска.
Примери:
Си го искриви глуждот на темниот пат.
Слично со:
зглоб (м.)
2.
Тркалезен дел на дрво на место каде што израснала гранка, јазол.
Примери:
Цела ноќ во огништето гореше стебло со глуждови на него.
Изрази
Срцето му се врзало во глужд.