Анатомија - категорија

газ повеќе

мн. газови
Вид збор: Именка, машки род
Заден дел од човековото тело меѓу половината и нозете.
Англиски: bottom Албански: prapanicë, vithe, bithë
Примери:
Никој не се заврте назад, се чу како плесна шлаканица по голиот газ и детето уште повеќе вресна.

ганглија повеќе

мн. ганглии
Вид збор: Именка, женски род
Нервни јазли во централниот нервен систем и во внатрешните органи.
Англиски: ganglion Албански: qendër, nyje nervore
Примери:
Стомачните ганглии ги активираат органите на стомакот и осилото кај пчелите.

гениталии повеќе

Вид збор: Именка, множина
Полови органи.
Англиски: genitals Албански: gjenitale

глава повеќе

мн. глави
Вид збор: Именка, женски род
Дел од телото на човек или на животно во кој се наоѓа мозокот.
Англиски: head Српски: глава Албански: krye, kokë Бугарски: глава
Примери:
Ги наполни градите со воздух и ја нурна главата во водата.

гласен повеќе

гласни
Вид збор: Придавка
Што создава глас.
Англиски: vocal
Примери:
Гласни жици.

гласилка повеќе

мн. гласилки
Вид збор: Именка, женски род
Дел од говорниот апарат; гласни жици.
Англиски: vocal chord Албански: fije zëri
Примери:
Нешто ме стегна во гркланов, ми ги вклешти гласилките.

глоб повеќе

мн. глобови
Вид збор: Именка, машки род
очна длапка
Англиски: eye socket Албански: gropë syri
Примери:
Очите му беа дробни, кафеави и се слизгаа со необична леснотија од едниот до другиот крај во глобовите.

глужд повеќе

мн. глуждови
Вид збор: Именка, машки род
Зглоб кој ги спојува стапалото и потколеничната коска.
Англиски: ankle Албански: nyjë e këmbës
Примери:
Си го искриви глуждот на темниот пат.

горновиличен повеќе

горновиличниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на горната вилица.
Англиски: upper jaw
Примери:
горновилична протеза

града повеќе

мн. гради
Вид збор: Именка, женски род
Предниот дел од телото кај човекот и цицачите.
Англиски: breast Српски: груди Албански: gji Бугарски: гърда
Примери:
јуначки гради
Дојка, цицка кај жените.
Англиски: breast Албански: gji
Примери:
На сликата беше насликана една нимфа со огромни гради.

граден повеќе

градниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на гради.
Англиски: chest
Примери:
граден кош

гради повеќе

градите
Вид збор: Именка, множина
Преден дел на телото помеѓу вратот и стомакот.
Англиски: bust, breast Албански: gjoks
Примери:
Кошулата на градите му беше распетлана.

грб повеќе

мн. грбови
Вид збор: Именка, машки род
Заден дел од телото меѓу вратот и половината.
Англиски: back Српски: леђа Албански: shpinë Бугарски: гръб
Примери:
Грбот го болеше од тешкиот товар.

грбен повеќе

грбниот
Вид збор: Придавка
Што е дел од грбот, што се однесува на грб.
Примери:
грбни мускули

грбник повеќе

мн. грбници
Вид збор: Именка, машки род
Рбет, рбетен столб.
Англиски: spine Албански: shpinë
Примери:
Стравот му предизвика морници по грбникот па се до ножните прсти.

грепка повеќе

мн. грепки
Вид збор: Именка, женски род
Брадавица на дојка.

грклан повеќе

мн. грклани
Вид збор: Именка, машки род
горниот дел од душникот
Англиски: throat Турски: gırtlak Албански: gabzherr
Примери:
Го пресече кај гркланот.

грло повеќе

мн. грла
Вид збор: Именка, среден род
Горниот дел од внатрешноста на вратот што се наоѓа помеѓу усната празнина и хранопроводникот.
Англиски: throat Албански: fyt, gushë
Примери:
Ме боли грлото кога голтам.

гуша повеќе

мн. гуши
Вид збор: Именка, женски род
Преден дел од вратот.
Англиски: neck Албански: qafë
Примери:
На гушата носеше убав ѓердан.
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш