гние
гнијат; гниј, гнијте; гниев, гниеја; гниел; гниен; гниејќи; гнив, гни, гнија; гнил
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 9357
1.
Се распаѓа под дејство на микроорганизми, обично во влажна средина; се расипува.
Примери:
Мирисаше на испаѓани муренки што гнијат.
Слично со:
распаѓа (несв.)
2.
Пропаѓа морално и физички.
Примери:
Полека гниеше од тешкиот живот.
3.
Живее во тешки услови, обично во затвор.
Примери:
Сега ќе гнијат по затворите.
Изведенки
1.
гниење ср.
глаг. им.
глаг. им.
2.
гние св. и несв.