големина
мн. големини
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 2330
1.
размер
Примери:
Чашите по големина беа сите различни.
Децата се разликуваа по големина.
Слично со:
димензија (ж.)
2.
значајност, важност
Примери:
Оттука произлегува големината на неговата поезија.
Имаше изградена свест за големината на македонската традиција.
Слично со:
величина (ж.)