а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

готов

готови
Вид збор: Придавка
Ранг: 812
1. Што е завршен, направен, изработен.
Англиски: finished Албански: гати
Примери:
готов мост
готов ручек
2. Што е подготвен.
Англиски: prepared Албански: i përgatitur
Примери:
Беа готови за тргнување.
3. Што е подготвен, решен, согласен да направи нешто.
Англиски: ready Албански: i gatshëm
Примери:
Девојката беше готова да заплаче.
Готов на сѐ.
4. Што е на пропаѓање, на умирање, на крај на животот.
Англиски: finished Албански: gati
Употреба: Разговорно
Примери:
Старецот веќе беше готов.
Изрази
Готова работа - сигурна, завршена работа.
Готова облека - фабрички изработена облека, конфекција.
Дојде на готово - кога работата веќе е завршена.
Од готово вересија - се прави проблем од ништо.
Плати во готово - ја плати целата сума со пари.