а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

грб

мн. грбови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 496
1. Заден дел од телото меѓу вратот и половината.
Англиски: back Српски: леђа Албански: shpinë Бугарски: гръб
Употреба: Анатомија
Примери:
Грбот го болеше од тешкиот товар.
Му се здрви грбот од работата.
Се качи на грбот на коњот и избега.
2. Знак, симбол на држава, град, благородничко семејство и сл.
Англиски: coat of arms Албански: stemë
Употреба: Политика
Примери:
Државен грб.
Изрази
Сто стапа по туѓ грб не болат - туѓата болка и мака не ја чувствуваме.
Му го сврте грбот - го изневери.
Му зари нож во грбот - неочекувано му направи лоша работа.
Има грб - има блиски луѓе на високи позиции што го штитат.
Живее на туѓ грб - живее на туѓа сметка, некој го издржува.
Му го направи грбот како мевот - многу го истепа.
Зборува зад грб - озборува.
Да ти го видам грбот! - бегај, оди си!
Изведенки
грпче ср.
мн. грпчиња
дем. и хип.