двигател
мн. двигатели
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 16803
1.
Машина што користи некаков вид енергија за движење на други машини или превозни средства.
Англиски:
engine
Албански:
shtytës, motor
електричен двигател
парен двигател
дизелов двигател
Слично со:
мотор (м.)
2.
Тој или тоа што е движечка сила во развитокот, во успехот на нешто во дадена област.
Примери:
духовни двигатели на народот
Парите се основниот двигател.
Слично со:
погон (м.)